ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛИНО ВО БИТОЛА-ПРАЗНИК НА ДЕЦАТА

На програмата на битолското културно лето, со изведбата на претставите претставите „Јас Македонија“, создадена по идеа на Јулијана Мирчевска  во изведба на децата од Театарската школа Бабец од Битола и „Убавицата и ѕверот“, во изведба на „Мал театар“ од Прилеп, на Платото пред Офицерскиот дом, беше отворено 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Претходите денови беа одржани работилници со актерот Марјан Георгиевски.

Во претставата “Jас Македонија” беа користени текстови од најпознатите македонски драми и поезија, а костимите кои ги носеа децата се оригинална македонска народна носија. Целта на оваа претстава е преку театар да се запознаат генерациите што допрва доаѓаат со историјата на македонската драма и поезија, со традицијата и обичаите на македонскиот народ. Во претставата настапуваа 20 деца членови на театарската школа Бабец.

Децата во Битола после неколку години пауза имаа шанса да погледнат мјузикл на македонски јазик одигран од тројца одлични актери од прилепскиот театар. Класичната бајка за „Убавицата и Ѕверот“ и нивната љубов преточена низ музиката и аранжманот на Томе Темелкоски беше една од приказните на ова издание на Битолино кое ќе остане во сеќавањето на децата од кои повеќето за прв пат  гледаа мјузикл кој се изведува во живо.

Вториот ден дел од програмата на Битолино беа : куклената претстава „До месечината и назад“, во изведба на „BEER SHEVA CHILDREN AND YOUTH THEATER“ од Израел, претставата за деца „Сонувачи“ која ја изведоа децата од Театарската школа „Бабец“ под менторство на Јулијана Мирчевска, театарот „Униа театар“  од Полска ја изведе претставата „Робот“ направена по идеја на добриот пријател и победник на третото издание на ИДТФ „Битолино“, чилеанецот Давид Зуазола.

Последната вечер Бабец театар го прослави 12-от роденден. Па така на роденденот беа изведени претставите: Тажната нула, на театарската школа Бабец,  гостите од Чешка ја изведоа Исадора , гостите од Швајцарија кловн шоуто Кој е таму и Караѓоз театар на сенките од Турицја ја изведоа Шоу на светските ѕвезди.

Оваа година Битолино  се одржуваше од 3-ти до 7-ми август под мотото „Per astera ad astra“(Патот до ѕвездите е трнлив) . За време на трите фестивалски денови беа одиграни 9 претстави, а настапија 7 театри од 6 земји: Македонија, Израел, Полска, Чешка, Швајцарија и Турција, со над 70 учесници.