ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА ГО ПРАЗНУВА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ

Одбележувањето на Денот на заштитникот на Битола, „Св. Нектариј Битолски“ продолжи денеска со утринска богослужба на која присуствуваа голем број верници.

За значењето на денешниот празник пред верниците зборуваше митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар.

На утринската богослужба присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

По богослужбата следуваше Литија со моштите на „Свети Агатангел Битолски“, во чест на нашиот патрон и Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски.

Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка од страна на свештенослужителите и верниците, проследена со црковни химни, икони, крстови, рипиди и други свети предмети, со цел да се отдаде почит кон Бога и Неговите светии и да се испроси Неговата благодат и милост.

Преподобен Нектариј Битолски. Родум од Битола. Најпрво се подвизувал во манастирот „Свети Врачи“ кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа преминал на Кареја, каде што го продолжил подвигот под раководство на Старците Филотеј и Дионисиј, во ќелијата на Светите Архангели. Откако ги победил човечката завист, демонските напасти и тешките болести, се преселил во Царството Христово на 5 декември 1500 година. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, почиваат во истата ќелија.