Европската ракометна федерација ги одреди судиите за завршниот турнир на Европската лига во Лисабон. Меѓу избраните четири судиски пара, се најде и битолскиот тандем Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
За днив ова е огромно признание, најголемо во досегашната кариера. Митревски и Тодоровски ќе застанат на центарот на дуелот за третото место в недела на 29 мај.
Во полуфиналето на Европската лига на ЕХФ ќе се судрат Магдебург со Нексе, како и Висла Плок со Бенфика. Полуфиналните средби се закажани за 28 мај, додека дуелот за третото место и финалето ден подоцна во Лисабон.












