ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНИ ПАК ЌЕ БАРААТ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ

Како граѓани сакаме да ја видиме Битола растеретена од коли и намален сообраќаен метеж во градското јадро, намален удел на транспортот во загадувањето, граѓани со подобрени здравствени навики и др, ваква порака утре до надлежните ќе упатат од Критичната маса, која во Битола ќе се одржи по 63 пат. Одат како што велат на ново вело протестно возење за побезбеден и поодржлив град!

Пред нас е европската недела на мобилност кога градовите се фалат и се горди на своите решенија за унапредување на мобилноста на своите граѓани.


Дали може да кажеме дека Битола направила некаков исчекор напред во поглед поттикнување на граѓаните да пешачат, да возат точак или да користат јавен превоз, т.е. да користат повеќе алтернативни начини на движење низ град на сметка на помала употреба на колите на кратки растојанија? За жал не, велат организаторите

Битола си ја сакаме да си ја дегустираме пополека пешки и наТочак, притоа безбедно, без да се пазиме да бидеме прегазени од илјадниците возила кои имаат непречен пристап и до најтесните сокаци на градското јадро, се наведува во објавата од Кричната маса на социјалните мрежи.

Немаме време цел живот да чекаме надмудрувања за буџети, тендери, проекти, коалиции и опозиции за вака значајни проекти од јавен интерес. Очекуваме инвестиции во град за граѓани, а не само замена на еден слој асфалт со нов. Очекуваме слободни јавни простори кои поттикнуваат социјални интеракции. Време е за на улица!, наведуваат од критичната маса, која утре во 18:30 часот ќе стартува од градскиот парк .