ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНИ ПЕЕЈА ЗАЕДНО СО ИЗВЕДУВАЧИТЕ НА „МАКЕДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ“

На платото на Офицерскиот дом во Битола беше претесно, каде се одржа вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“. Музичкиот проект во кој на едно место се ставени 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика ги донесе во Битола: Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Скендеровски продукција е носител на проектот .

„Идејата за истиот е да го обедини македонскиот народ“, изјави Бојана Скендеровски.

Првата песна која беше промовирана со спот беше „Оган да го гори“, што  ја испеа Ламбе Алабаковски.

Проектот во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку патриотски песни – сите се спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски. Според него главна цел на проектот  е продолжување на векот на овие наши македонски песни.

Караванот тргна од плоштадот во Штип, а планирано е да заврши во Скопје.