Вечерва има прекин во нормалното одвивање на сообраќајот на обиколницата над Битола. Камења на патот, запален отпад и застанати возила. Таква била сликата вечерва.
Револтирани патници реагираат што се соочиле со ваката ситуација, а забележуваат што немало регулирање на сообраќајот во ваква ситуација, односно пренасочување.
Од битолската полиција велат дека се работи за блокада поставена од локалното население.
Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека поради јавен собир, блокиран е сообраќајот на магистралниот пат Битола – Прилеп, кај населба Баир – Битола.
фото: Архива












