Во Општина Новаци одбележан големиот православен христијански празник Богојавление.
„На најсреќните кои го извадија светиот крст од осветените води ширум нашата Општина, на сите учесници и сите православни Христијани им го честитам големиот празник Водици! Нека е за многу години“ им честиташе градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.
Претходно беше соопштено дека традиционално како и секоја година, Богојавление Водици ќе се одбележува со фрлање на светиот крст во осветените води во православните храмови во 14 населени места во Општина Новаци.
Главната церемонија во село Новаци во црквата Св. Атанасиј. За најсреќниот верник кој ќе го извади светиот крст на Водици, градоначалникот и Советот на Општина Новаци обезбедија вредносен ваучер од 6.000 денари, додека аптеката Зегин ќе додели вредносен ваучер во висина од 14.000 денари.
За останатите среќни наоѓачи на Богојавленскиот крст на 13 локации низ цела општина, Советот и Општина Новаци обезбедија вредносни ваучери во висина од 6.000 денари.



















Фотографии: Градоначалник на Општина Новаци











