Божиќен концерт на традиционални празнични песни како завршен настан од годинешната манифестација „Бадникови поворки“, се одржа во македонската Филхармонија.
Бројни пејачи од нашата сцена, врвни музичари, ревијален оркестар од автентични инструменти, хорот „Козма Пречистански“ и пејачи од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ беа дел од свечената атмосфера во Филхармонијата.

Свечената празнична симфонија од звуци, беше предводена од нашиот етаблиран музичар, композитор и основач на „Љубојна“ – Оливер Јосифовски, единствената Вера Милошевска – вокал, светскиот виртуоз на кларинет – Исмаил Лумановски, група ,,Чалгии Мерак” и останатите врвни музичари: Филип Михајловски – канон, Тони Арслан – виолина, Христијан Јаневски – тамбура, Роберт Ангеловски – кавали, Петар Христов – лира, Оливер Настовски – ут, Мите Наумовски – џумбуш, Анастасиос Иоану – кларинет, Демир Шакиров, Христијан Николовски и Шериф Мустафа – перкусии, како и вокалистите: Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан Филиповски (Некст Тајм) и Никола Перевски – Пере (Нокаут).
Се надеваме дека овој концерт ќе прерасне во една убава традиција.












