ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: ПОДДРШКА ЗА ЈАВНИТЕ ПОВИЦИ ЗА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И СПОРТСКИ КЛУБОВИ

На комисијата за финансии и буџет на советот на Општина Битола се најдоа точките за разгледување на јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на Општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2024 година и разгледување на јавниот повик за доделувае на финансиски средства од буџетот на Општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортиски за 2024 година.

„Ја поздравувам иницијативата од страна на општинската администрација да се распишат овие јавни повици. Кога ни ги пратија материјалите разгледав и во други општини. Општина Гази Баба, Карпош, Кисела Вода дека имаат вакви повици кои во овој момент течат и не гледам никаква правна пречка истите да бидат распишани. И во изминатите години се распишувале вакви повици и комисијата за финансии и буџет не ги разгледувала веднаш барањата и добро е да се испрати порака и до сите спортски здруженија и невладини организации со кои проекти ќе аплицираат во општината, кои проекти ќе ги подготвуваат преку странските донатори и други фондации“ рече советникот Бојан Бојкоски.

На ова реплицираше претседателката на Советот, која рече дека тие предвреме знаеле кој ќе добие пари, а кој нема да добие, бидејќи тие ќе знаеле дека со овој проект аплицирале овде, а овој онде.

„Вие самите во овој момент кажувате дека предвреме ќе знаат здруженијата каде би добиле пари, а каде не. Јас не знам, најколегијално ви го кажувам, дека вие директно апелирате кој да аплицира за да би добиел средства, што сметам дека не е во ред“ рече претседателката Илиевсака.

Бојкоски рече дека тој не кажал така, не кажал кој ќе добие, туку си има комисија на која претседателката е претседател. Тој кажал да знаат граѓанските здруженија кои повици му се достапни и каде може да аплицираат, а за тоа кој ќе добие никој не знае.

„Освен ако вие знанете кој ќе добие, јас не реков така, вие го извртувате она што го зборував. Апсолутно не е точно тоа“ возврати Бојкоски.

За двете точки гласањето беше со 2 гласа „за“ и 3 воздржани.