Пред советниците се најде и барањето за корекција на цените и услугите во старскиот дом „Сју Рајдер“ Битола.

Директoрката на домот вели дека нужна и издржана е потребата за корекција на цените за услуги за сместување и смета дека треба да се корегираат цените и тоа на 14.000 денари месечни за корисници на кои не им е потребна помош и 16.000 денари месечно за користници на кои им е потребна помош.
Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Марица Тодорвска меѓу другото рече дека цените на услугите кои ги даваат во домот не се променети од 2013 година и смета дека барањето за корекција треба да биде поддржано, тргнувајќи и од фактот дека најниската пензија е 13.000 денари и дека повеќето сместени лица заемаат дополнителен износ за туѓа нега.

Актуелните цени за сместување се 9711 денари за лица на кои не им е потребна помош и 11.737 за лица на кои им е потребна помош. Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Ненси Лозачне рече дека имаме енормно зголемување на прехранебните производи, електричната енергијата, нафтени деривати, медициските услуги. Таа рече дека во други градови цените во домовите се корегирани без никаков проблем од страна на Советите и дека се движела од 14.000 до 22.000 денари.

Советничката од СДСМ Мирјана Захариевека-Ралевска со дилема околу завршната сметка која била позитивна и тоа што немале долгови, а сега се бара зголемување на цената. Вели доставена е точка за енормно зголемување од дури 65 проценти.

Директорката Марина Крстиќ потенцираше дека корекцијата и е усогласена со зголемувањето на животните трошоци според Државниот завод за статистика и со минималната старосна пензија, како и со паричниот надоместок за нега и грижа од друго лице. Таа рече ако цените од 2013 година се зголемувале етапно, сега немаше да имаме ваков процент. Ќе имаме финансиски проблеми, ако не се изгласа одлуката, рече Крстиќ.

Советничката Захариевска- Ралевска смета дека потребна е потемелна анализа, оти 65 проценти зголемување на цените е премногу.
Советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски алармираше за како што рече да не се случи домот да стане загубар. Тој кажа дека домот во моментот, секоја месец има повеќе расходи отколку приходи, секој месец по 700.000 денари.

Корлевски советникот СДСМ рече дека тоа што се случувало во минатото ќе го пишуваат историчарите, а сега има можност за субвенционирање, капитална ивестиција, затоплување, фотоволтаици.

Сепак точката не помина. За неа глесаа 13 советници, немаше против, а 15 беа воздржани.













