Викендов Пелистер беше дестинација за голем број луѓе, како од Битола и регионот, така и од други градови на Македонија кои решиле да одморат од секојдневието во средината во која живеат.

Во саботата со повеќе сонце, а вчера променливо облачно и со слаб ветер, така беше кај некогашниот дом „Копанки“ до каде стигнавме со жичарницата.

Скијачите беа таму, на ред за на ски-лифтот, со него до горе, а потоа на долу низ патеката која се уште има услови за скијање, што не е случај со долната патека, каде релативното затоплување и немањето нови снежни врнежи, ја направија да не биде функционална за скијање.

Ладното време за скијачите не беше проблем да уживаат во она што го нуди нашиот Пелистер и понудата на целиот ски-комплекс ( хотелот Молика и ски-центарот Копанки).
„И покрај малите снежни врнежи на ски-центарот „Копанки“ изминатата недела секојдневно се скија. Благодарение на снегот кој што го имавме на ски-лифотот, условите се многу подобри, скијачите се таму сконцентрирани. Првите денови скијачите беа на потегот од „Бегова чешма“ до „Копанки“, меѓутоа сега сме сконцентрирани од „Копанки“ до ски-лифот горе до „Извидница“ вели Никола Каровски од Ски-центарот „Копанки“.

Вели дека хотелот беше исполнет сите изминати денови бидејќи се работеше за крајот на распустот, се уште имаат гости во хотелот, меѓутоа сега претежно се гости од Битола и регионот.
Годинава новина за младите скијачи.

„Таа е новина и дополнителна содржина оваа сезона, значи сите почетници таму ги учат првите чекори, односно првите скијачки денови и после обуката од пет до шест дена доаѓаат овде на ски-центарот „Копанки“вели каровски.
Долги години немањето на тоалети беше проблем за ски-центарот.
„Да, тоалетите се еден дел од она програма која што беше зацртана како акционен план за овие следни неколку години. Минатата година започнавме еден проект за осветлување и комлетна реконструкција на инфаструктурата на ски-центарот, тоалетите беа планирани во првата фаза и веќе се во функција, така што сите услугите за тоалет можат да ги користат на долната патека кај „Бегова чешма“ вели тој.

До кога ќе се скија тука?
„Овие деновите, бидејќи се највуваат топли денови и повисоки температури, долната патека нема да биде подготвена како што треба, но како што го гледате ски-лифото и патеката од „Копанки“ до „Извидница“ е во добра кодиција. Нашите екипи ќе се потврдуат и овие денови во текот на целата недела да ја одржат, така што сметам дека до крајот на неделата ќе имаме скијање на Копанки“ рече Каровски.

Годинава хотелот „Молика“ планира и други нови содржини со што ќе се заокружат сите моменти, во пресрет и на 30 годишниот јубилеј.












