ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: ЛОШИТЕ ПОЛИТИКИ ГО БЕТОНИРАА СДСМ НА ДНОТО

По вчерашното прегласување и соопштување на резултатите од страна на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение вели дека нивната коалиија освои повеќе гласови од коалицијата предводена од СДСМ.

„436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ. СДС има најголем пораз во историјата. Разликата во гласови е 1:3.

СДС има најмал број пратеници во собранието од кога постои. Лошите политики го бетонираа СДС на дното. Следува време на одговорно работење. Забрзан економски раст, борба против корупцијата и европска интеграција.  Потребни се коренити и брзи промени. Народот повторно ќе ја чувствува Македонија како своја“ стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.