На денешната прес конференцијата секретарот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Николче Котовски, зборуваше за тоа што добила Битола од, како што рече оваа коруптивна, криминална, предавничка и тотално неспособна власт?
„Милионски тендери во РЕК Битола на фирми на СДС и ДУИ, поскапа струја и можност околу три илјади луѓе да останат без работа ! Со оваа власт, предводена од ДУИ и нивниот чирак, СДС, најголемиот хаос, директно на грбот на граѓаните е сиромаштијата.
Добивме 50 проценти зголемување на екстремната сиромаштија, а само една четвртина од граѓаните можат едвај да преживеат. И ова не е обична забелешка и впечаток на ВМРО ДПМНЕ, туку податоци од спроведени истражувања и последици кои секој од нас секој ден ги чуствува. Трендот на сиромаштијата, за жал, екстремно расте, а причината е незнаење и неспособност, криминал и корупција во прво лице на СДС и ДУИ.
Ништо не оставија и од темел ја разрушија државата. Очигледна е нефункционалноста на институциите, секој ден се поголем е распадот, а најочигледно и најпотребно, повеќе од секогаш, е нивното заминување од власт и спасување на градот и државата. Промените мора да се случат, зашто овој пат, буквално голиот живот е во прашање. Во Македонија е тотален хаос, имаме нефункционални институцции, со право народот вели дека немаме држава.
Ова не е шоуто преживување, станува збор за реални, живи луѓе. Никогаш не било полошо!
Важно е заедно да ги поразиме! Важно е државата повторно да биде на граѓаните “ рече Котевски.











