Од Битола до Скопје и обратно три пара на воза, според возниот ред кој е на важност од 15 декември ланската година до 13 декември оваа година.

Првиот воз за Скопје е во раните утрински часови и тоа во 3:10 часот и во Скопје пристигнува 6:34, вториот е нешто после пладне во 12:46, а кој претходно од Жабени тргнува во 11:15 пристигнува Битола за десетина минути и потоа чека за според возниот ред да тргни за Скопје, каде пристигнува околу 16:15 и третиот е вечервниот воз кој од Битола тргнува во 18:24, а во Скопје пристигнува во 21:48.

Од Скопје за Битола првиот е утринскиот воз во 7:06 часот, а во Битола според редот на возење пристигнува во 10:31 часот и тој воз продолжува до Жабени, за каде тргнува во 10:45, а пристигнува во 10:54 часот.
Вториот воз за Битола од Скопје е попладневниот во 14:30 часот кој во Битола пристигнува во 17:56 часот и третиот е вечерниот воз кој тргнува во 20:05, а во Битола пристигнува во 23:29 часот.

Со сите нив патувањето е некаде околу три и пол часа.
Порано Битола со Скопје и обратно наутро беше поврзана со деловен или брз воз некаде околу 5 часот, а од Скопје околу 17:00 се враќаше за Битола и патувањето беше некаде околу 2 часа и 45 минути заради тоа што застануваше само во поголемите градови, односно населени места.
Неколку години тој воз го нема.
Европа на воз. Сериозни планови се кројат за тоа како од Берлин до Копенхаген да се стигнува за 4 часа, од Минхен до Рим за 6, од Скопје до Атина за 5 часа.
На почетокот на ноември, Европската комисија објави нов сеопфатен транспортен пакет, заедно со акциски план за забрзано развивање на брзата железничка мрежа низ цела Европа, пренесува агенцијата МИА.
Целта е да се преполови времетраењето на патувањето меѓу големите градови до 2040 г. така што ќе се изградат нови пруги и ќе се обноват постојните за возовите да можат да постигнуваат брзина од барем 200 километри на час. Главната цел е патувањето со воз да стане попривлечно од летовите на кратки релации, да се подобри поврзаноста и транспортниот систем на ЕУ да биде поефикасен и поеколошки.
Патниците ќе патуваат од Берлин до Копенхаген за четири часа, наместо сегашните седум часа. Времето на патување од Софија до Атина ќе се скрати од сегашните 13 часа и 40 минути на шест часа, а патувањето меѓу Виена и Берлин ќе трае четири часа и 30 минути, наместо сегашните осум часа и 10 минути.

Комисијата ги смета брзите возови за одржлива алтернатива на летовите на кратки релации. Возовите испуштаат значително помалку стакленички гасови од авионите, бродовите, автомобилите и автобусите. Според ЕК, железницата има удел од одвај 0,3% во емисиите на стакленички гасови во транспортниот сектор.

ЕК планира и да ги здружи земјите членки на ЕУ, железничките претпријатија и финансиските институции за да ги координираат потребите од огромни инвестиции – проценети да достигнат најмалку 345 милијарди евра до 2040 г., а над 500 милијарди евра до 2050 г.
Амбициите се протегаат и надвор од сегашните земји членки на ЕУ:
Македонскиот министерт за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега на почетокот на ноември потпишаа договор за подготовка, изградба и употреба на прекуграничен железнички тунел меѓу двете земји, со цел двата главни града, Софија и Скопјe, да се поврзат преку железница.
Николоски најави изградба на брза железница од Скопје до грчките градови Солун и Атина. Додаде дека патот од Скопје до Солун ќе трае еден час и 20 минути, а до Атина не повеќе од 4 часа.
„Верувам дека ова сосема ќе го смени начинот на живот во овој дел од Европа. Брзата железница ќе стане најважниот економско-инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа“, рече Николоски.












