Минималните измерени температури утрово во Македонија: 0 степени во Берово, 3 Попова Шапка, Крива Паланка, 4 Струмица, Тетово, Битола, 5 Прилеп, Лазарополе, 6 Крушево, Маврови Анови, Штип, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, 7 Виница и 9 степени во Демир Капија, Охрид, Претор, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа од 07 часот (во l/m2): 2 Дебар, 1 Попова Шапка, Лазарополе, Маврови Анови.
Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со магла и ниска облачност особено долж Повардарието. Дуваше слаб претежно јужен ветер. До изутрина претежно во западните а потоа и во северните делови започнаа повремени врнежи од дожд, а ветерот е претежно југоисточен.
Времето денеска – наутро со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд наместа пообилни (над 35 л/м²), на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.











