Денеска во Битола се одржа регионално одбележување на Денот на даночниците. Дигитализација, намалување на даночната евазија и ефикасна работа се целите на новото раководство. Битолската регионална дирекција од управата за јавни приходи е најдобрата во тековната година во својата работа. На денот на одбележување на денот на Управата за јавни приходи, им беше доделена плакета.

Управата за јавни приходи денеска во Битола организираше панел дискусија на тема „ Повеќе даночни приходи за побогато општество“. Учество зедоа истакнати претставници на регионалните даночни дирекции од Битола, Прилеп, Охрид, Општината и бизнис заедницата кои имаат клучна улога во функционирање на македонскиот даночен систем.

„Пред нас е голем предизвик да дадеме активен придонес во обезбедувањето стабилни финансии и поголем фискален простор за спроведување на на владините политики и мерки за остваруавње на целите на програмата на владата и целите на фискалната стратегија на министерството за финансии, за посилна економија , економски раст и подобар животен стандард на граѓаните.“ – рече во своето обраќање пред присутните м-р Елена Петрова, директорка на УЈП и додаде, „владата и министерството за финансии очекуваат од УЈП да обезбеди мобилизација, зајакната наплата на даночните приходи со задржување на ниски даночни стапки. Наш предизвик е ова да го постигнеме преку проширување на даночната база, интегрирање на сивата во формалната економиоја, намалување на сите други јазови, загуби на јавните приходи и максимално да ги насочиме средствата кон државниот буџет. “

Низ дискусијата на Мариче Секуловска од Прилеп, Ацо Кипаризи од Охрид, Лилјана Андреевска од Монтинг од Битола како претставник на бизнисот и Злате Нуневски од одделението за регистрацијат на даноците во Битола се слушнаа предизвиците со кои се соочува службата – даночна евазаија, потребните реформи кои мора да зпочнат од сеопфатна страгтегија за јакнење на даночниот морал.
„Како УЈП мора да ги избалансираме активностите за поддршка на доброволната усогласеност со силен капацитет за мониторирање на и справување со се она што води кон даночна евазија, кон неточно, нецелосно и ненавремено пресметување и плаќање на даночните обврски. Со тоа ќе обезбедиме равноправни услови во кои чесните даночни обврзници нема да плаќаат повеќе затоа што другите не го плаќаат својот данок. А тоа е очекувањето и на бизнис заедницата , како што слушнавме од нивното излагање. “ – рече денеска во Битола Петрова.
Данокот не е товар туку е инвестиција во општо добро, правична распределба прави УЈП , но општините и бизнисот се со важна улога во даночниот систем.

„Во тој смисол важен е чекор во зајакнуавње на довербата меѓу институциите, бизнис секторот и граѓаните, она што сите треба да го научиме , а тоа е дека сме одговорни пред нашата држава, пред нашите локални самоуправи и, зборувајќи во името на локалната самоуправа се трудиме да бидеме ефикасни, ефективни и транспарентни и да работиме во интерес на она што го кажа и претставникот на локалната самоуправа од Охрид, имајќи предвид дека еден од нашите најголмеи изори на финансирање и на подобра инфраструктура и на се она што треба локалната самоуправа да го направи е сепак и сериозниот однос кон даноците. Исто така соработката со бизнис секторот треба да се истакне и нашата улога да излезем во пресрет на сите нивни побарувања. “ – рече градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски.
Најголемиот предизвик на македонската Управа за јавни приходи сепак е новото време – дигитализациајта на услугите – што подразбира е- фактура, е – услуги, исполнување на меѓународните стандарди за транспарентност и ефикасност истовремено и меѓународна размена на информации за даночни цели, сајбер безбедност. Ова сепак не значи дека повеќе нема да има даночни инспектори.

„Кога зборуваме за користење на новите тхенологии, УЈП доцни со години со многу електронски услуги. Па меѓу првите наши проектни активности од месец јули, е воведувањето на Е-Уверение за состојба на остварен доход. Завршени са нашите активности и до крајот на годината во јавноста ќе ја промовираме новата целосно автоматизирана електронска услуга која о прва фаза ќе биде достапна за домашни и физички лица- баратели сами за себе, проследена со повисоки стандарди за квалитет од аспект на времето за издавање што е бенефит и за даночните обврзници баратели на услугата, но и можност за ослободување на ресурси на УЈП кои ќе бидат тренсферирани на посуштински даночни работи.

Но, додека технилогијата може да се купи, човечките ресурси и човечкиот капитал сами ги создаваме. Ова јас често го кажувам, човечкиот капитал е незаменлив ресурс во функционирањето на УЈП. Човечки капитал не се само службениците, туку и компетенциите, знаењето на организациската култура, мотивацијата и задоволството на вработените , но и институционалната меморија. Управувањето со човечките ресурси во УЈП долгорочно ќе го услогласиме со потребите на организациајата и нејзината дигитална трансформација во смисла на создавање на интелектуален капацитет, потенцијал и знаење кои може да обезбедат здрава кондиција и да ја водат УЈП кон успех.“ – зборуваше денеска м-р Елена Петрова, директорка на УЈП.

На крајот од овој собир на кој се слушнаа многу од проектираните и веќе започнати промени и реформи , на регионалната дирекција на УЈП во Битола и беше доделена плакета за посветеност во исполнувањето на работните цели и задачи на Управата. Од името на сите вработени плакетата ја прими и се заблагодари Наташа Кочишка, заменик управник на регионалната дирекција на УЈП во Битола.












