ТЕРА

REKLAMA???

ВРЕМЕ Е ЗА УШТЕ ЕДНА БИТКА, КАКО ЌЕ СЕ ИСПЛАНИРААТ ПАРИТЕ ЗА 2025

Советниците ќе водат уште една битка на претпоследната седница за оваа година. Меѓу педесетте точки од дневниот ред се и за програмите за работа за следната 2025 во скоро сите области.

Од таа за градежно земјиште, потоа за користење и одржување на јавното осветлување, за одржување на комунални објекти и инсталации, локалната патна мрежа и улции, потоа програмата за измени и дополнување на програмата за развојни планови 2025-2027 година.

На дневен ред и програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за следната година, економската, програмата за туризам, за еднакви можности, таа за култура за 2025, за образование, социјална заштита, за спорт, за животна средина и за урбанистички планови.

Дали ВМРО ДПМНЕ ќе го обезбеди потребното мнозинство за да поминат овие програми, а потоа на наредна седница и буџетот,не можеме да претпоставиме, а има неколку опции.

Ќе се гласа како и до сега, потоа новото мнозинство ќе го блокира буџетот за следната година или пред крајот на старата и дочекот на Новата година што за овој состав е последна, ќе бидат едногласни, што пак е помалку веројатно оти се на прагот на изборната година?

Ако го договорат и се согласат да биде донесен буџетот, најверојано со амандманска интервенција, ќе се фотографираат заеднички, ќе добијат можеби по некое новогодишно пакетче и ќе пратат порака дека силите ќе ги одмерат на следните локални избори планирани за октомври или некои ќе биде изненаден ако се случат на пролет.