Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентариот бил на 92 км јужно од Загреб и и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина.
Вчера земјотрес беше регистриран и во Србија, кај Кладово.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а се почувствувал и во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови во источна Србија. Некои граѓани го почувствувале и во Ниш.












