ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ ВО ГРУЗИЈА ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА „СТРАНСКИ АГЕНТИ“

Грузиската служба за државна безбедност ги обвини организаторите на протестите против предложениот закон на владата за „странски агенти“ дека сакаат насилно да ја преземат власта и ги предупреди граѓаните да не им се придружуваат.

Илјадници луѓе речиси секој ден протестираат веќе еден месец против предложениот закон, кој го сметаат за авторитарен и инспириран од сличен закон во Русија кој се користи за сузбивање на неистомислениците.

Во објава на Фејсбук, агенцијата за внатрешна безбедност на Грузија предупреди дека организаторите на протестите имаат за цел „да ги соборат државните структури и владата со насилни средства“.

Агенцијата истакна дека организаторите на протестите биле финансирани однадвор и планирале насилство против полицијата, заедно со кампања на граѓанска непослушност слична на „обоените револуции“, серија бунтови што ги соборија владите во поранешните советски републики на почетокот на 2000-тите.

-Ги повикуваме младите кои учествуваат во протестите да не следат провокации, се наведува во соопштението.

МИА