Белата куќа го врати познатото црвено копче во Овалната соба за претседателот Доналд Трамп лесно да нарача диетална Кока-Кола.
Црвеното копче за Кока-Кола што Трамп го користеше за време на неговиот прв мандат повторно беше забележано на неговото биро откако во понеделникот положи заклетва како 47-ми претседател на САД, објави весникот „Волстрит џурнал“.
Позната е неговата наклонетост да пие диетална Кока-Кола. Тој многу пати изјави дека не пие алкохол поради тоа што неговиот брат Фред починал од компликации поврзани со алкохолизмот во раните 1980-ти.











