ТЕРА

REKLAMA???

ГО ИСПОЛНИВМЕ ВЕТУВАЊЕТО ЗА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО БИТОЛА

Вчера информиравме дека во Собранието на Македонија беше изгласан законот за формирање на медицински факултет во рамките на битолскиот универзитет.

Денеска на прес конференција потпретседателката на СДСМ, Бисера Костдиновска-Стојчевска рече дека исполнуваат уште едно ветување.

„Битола добива Медицински факултет! Македонското Собрание го изгласа законот предложен од СДСМ! Исполнивме уште едно наше ветување за збогатување на понудата на студии за младите луѓе од Битола и регионот. Ја потвдуваме и зацврстуваме улогата на Битола како универзитетски град и образовен центар во Југозападна Македонија! Отворањето на Медицински факултет во рамките на битолскиот Универзитет Св. Климент Охридски е потврда за квалитетот на УКЛО кој последниве години е во нагорна линија!

Благодарност до поранешниот заменик министер за здравство и претсеател на комисијата за здравство на СДСМ, д-р Владимир Рендевски за истрајноста да го спроведе отворањето на Медицински факултет во Битола од идеја до реалност. Благодарност и до сите членови од собраниската Комисија за образование што неуморно работеа на регулативата за отворање на Медицински факултет во Битола. Нека е аирлија новиот Медицински факултет на УКЛО во Битола!“ рече Костадиновска-Стојчевска.