На светското првенство во бодибилдинг и фитнес кое се одржува во Санта Сузана, Шпанија, битолчанецот Давид Влајковски постигна огромен успех и историски пласман.

Го освои второто место и стана светски вицешампион во физик.

„Горд сум и почесен да го споделам овој успех со вас. Настапив на настан со 2000 натпреварувачи од 142 земји и станав Вицешампион во Физик. Благодарен сум за шансата и на сите кои ме поддржуваа.

После „DIAMOND CUP“, каде бев на крајот од сезоната, вашата поддршка ме донесе на оваа сцена. Ова е тимска работа“ вели Влајковски.

Влајковски започнал рекреативно да се занимава со овој спорт на свои тринаест години, а професионално и натпреварувачки од 2020 година.
Првиот натпревар го имал во 2021 година кога стана државен шампион на Македонија и четврт на балканското првенство во Романија.
Наредната 2022 година беше шампион на „Паљо Класик“ во Битола и повторно државен шампион за 2022 година.
И годинава настапуваше на „Паљо Класик“ во Битола и повторно се закити со шампионската титула.
Со ова тој постигнува свој личен историски успех, но и Македонски.














