Ова се денешните максимални измерени температури: 16 степени на Попова Шапка, 20 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, 23 Тетово, Охрид, Претор, 24 Прилеп, Демир Капија, Кавадарци, Гевгелија, 25 Берово, Крива Паланка, Штип, Струмица, Виница, Велес, 26 Скопје – Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Битола.
Денеска имавме сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен, а попладнево долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец кој во Штип достигнуваше брзина до 50 km/h.
Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. Во Битола до 27 степни.












