Денеска високо загадување во Битола

0
270

И покрај ниските температури и вчерашниот ветер, денеска Битола загадена. Така покажуваат мерните станици на министерството за животна средина.

Денеска во 12 часот поголемо беше загадувањето во центарот на Битола отколку во индустрискиот дел на градот. Мерната станица Битола 2 во центарот на Битола покажуваше високо загадување со ПМ 2,5 честичките и средно загадување со ПМ 10 честичките.

Мерната станица Битола 1 која што ја мери загаденоста во индустрискиот дел на Битола, во 12 часот покажуваше ниско загададување со ПМ 10 честички.