Утрово 8 степени на Попова Шапка, 10 Лазарополе, 11 Маврово, Крушево, 12 Крива Паланка, 13 Берово, Претор, 14 Охрид, Битола, Прилеп, 15 Тетово, Куманово, Дојран, 16 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Виница, 17 Демир Капија, Струмица, Штип, 20 Гевгелија.
Најмногу дожд 8 л/м2 наврнаа во Куманово, 7 Скопје-Зајчев Рид, Виница, 6 Претор, Прилеп, 5 Скопје-Петровец, 4 Битола, Струмица, Крушево, 3 Маврово, Ѓуриште, Берово, 2 Охрид, Попова Шапка, Пожаране, 1 Тетово, Крива Паланка.
Во доцните вечерни часови на северозапад се појави нестабилност која се прошири кон Скопје. Во првиот дел од ноќта над северниот дел од земјата имаше голема облачна маса од која имаше појава на чести грмежи проследени со ветер и наместа со појава на умерен до пороен дожд. Кон изутрина нестабилноста се намали и тоа еден кон југозапад и кон југоисток. Утринава краткотрајно врнежите се престанати.
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час) најизразен во горниот тек на Повардарието и во западните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Битола до 18 степени.












