Времето денеска сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. Во Битола до 27 степени.
Утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе биде западен и краткотрајно ќе засилува, а вдолж Повардарието југоисточен.
Утре дневната температура во Битола до 32 степена.












