Утрово 13 степени во Берово, 15 Лазарополе, 16 Крива Паланка, Битола, 17 Тетово, Струмица, 18 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, 19 Штип, Велес, Попова Шапка, 20 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Виница, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, Дојран, 21 Крушево.
Ведро во текот на ноќта, утрово е сончево со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Денеска сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 36 до 42 степена. Во Битола до 39 степени.
УВ индексот 10.












