ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА И СО СОНЦЕ, ВО БИТОЛА ДО 13 СТЕПЕНИ

Утрово -1 степен на Попова Шапка, 0 Лазарополе, 1 Битола, Маврови Анови, 2 Крушево, Крива Паланка, Охрид, 3 Претор, Прилеп, 5 Берово, Кавадарци, Виница, 6 Тетово, Куманово, 7 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 8 Скопје-Петровец, Штип, Велес, Дојран, 9 Демир Капија, Гевгелија.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно, наместа претежно со слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Битола до 13 степени.