Денеска и со сонце, во Битола температурата до 17 степени

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, претпладне во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури до 3 до 9 степени, во Битола 6, а дневните од 12 до 21 степен, во Битола до 17.

Утре претежно сончево, во југозападните делови претпладне со зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Сподели