Утрово 3степени во Берово, 6 Струмица, 7 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Лазарополе, 8 Крива Паланка, Битола, Велес, 9 Претор, Прилеп, Штип, Гевгелија, 10 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, Дојран, Маврови Анови, Дебар, Попова Шапка, Кавадарци, 12 Виница, Крушево.
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со слаб до умерен променлив ветер.
Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. Во Битола до 30 степени.











