Утрово -9 во Попова Шапка, -8 Маврови Анови, -6 Крушево, -3 Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп, Куманово, -2 Битола, Штип, Охрид, Дебар, -1 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, Кавадарци, 0 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 1 Гевгелија, 2 Претор.
Утрово во 7:00 часот висината на снежната пиокривка беше 52 Попова Шапка, 35 Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12 Ѓуриште, 11 Битола, Тетово, 8 Крушево, 5 Охрид, 4 Прилеп, 3 Куманово, 2 Скопје-Петровец, 1 Струмица, Демир Капија.
Времето денеска облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2).
На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови.
Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Максималната температура ќе достигне од -3 до 4 степени. Во Битола до -1 степен.











