Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски на својот фејзбук профил реагираше на интервјутот за Директно на Тера тв, на потпретседателката на СДСМ и министерка за култура Бисера Костадиновска-Сточевска, во делот на проектот „Smart4you2“ и „Парк“.
„Вистината за Smart4you2, велосипедските патеки во Битола и реконструкцијата на “Парк” е една…
СДСМ и новото мнозинство во Советот 1 (една) година кочи изградба на велосипедски патеки во Битола, а од пред некој месец ја стопира можноста за почеток на реконструкцијата на објектот на поранешниот ресторан “Парк”!
Прво аргумент беше дека проектот не бил добар и бил за тротоари, а не за вело патеки.
После дека ќе сме го оставиле објектот на поранешниот ресторан “Парк” руина.
Откако Министерство за култура одобри средства за Парк, па се даде предлог да се прават и двете активности, проблем била постапката по неоснованата политички инструирана кривична пријава.
На крајот и европските пари биле “матни” па не требало да се искористат за изградба на велосипедски патеки во Битола.
Сепак многу поедноставно ќе беше да кажеа дека се против изградба на велосипедски патеки и против реконструкција на објектот Парк бидејќи нивното упорно противење го потврдува тоа“ пишува во својата реакција Димитровски.













