ТЕРА

REKLAMA???

ДОЈАВИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ НИЗ УЧИЛИШТА ВО ЦРНА ГОРА

Прекината е наставата во повеќе основни училишта во Црна Гора поради дојави за поставени бомби, јави РТЦГ.

Евакуирани се училишта во Никшиќ, во Бар, во Беране, во Бијело Поље, во Колашин, во Херцег Нови и во Цетиње. Дојави за бомби имало и во Општината и во судот во Бар.

„На територијата на училиштето се подметнати бомби. Секогаш сонувавме за освета. Ние ќе се осветиме, ќе дојдеме во училиштето. Сè ќе убиеме. Никој нема да остане жив. Цел град ќе крвари“, е пораката што ја пренесува Радио телевизија Црна Гора добиена од евакуираните училишта.

Полициската управа соопшти дека нивни припадници утрово ги обезбедуваат училиштата во кои пристигнале заканите за поставените бомби, вршат контрола и увид во објектите.

„Полицијата презема безбедносни мерки во училиштата во некои градови во врска со дојавите по електронска пошта за сетот експлозивни направи утринава, како и активностите за проверка на овие наводи, велат од Управата на полицијата.