ТЕРА

REKLAMA???

ДР.БОГОЕВСКА: НЕ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ЧАША ВОДА ДНЕВНО ОД СРЕБРЕНА ВОДА

Водата од Сребрена вода е бактериолошки исправна за пиење, но вредноста на параметарот сребро е најмалку 10 пати повисока од дозволената количина во вода за пиење согласно Правилникот за безбедност и квалитет. Со цел да се задржи благопријатното дејство на среброто, а да се спречат негативните кумулативни ефекти на среброто др. Емилија Богоевска специјалист по хигиена од ЦЈЗ од Битола препорачува да се пие една чаша на ден вода од Сребрена вода.Оваа препорака др.Богоевска ја упатува кога граѓаните посебно во летните месеци често полнат вода за пиење од изворот од сребрена вода кој што се наоѓа во близина на селото Крстоар.

„Голем дел од битолчани имаат навика да полнат вода и покрај тоа што во домовите се приклучени на градски водовод, користат безбедна вода, тие полнат во големи количини вода од Сребрена вода и дневните физиолошки потреби ги надополнуваат токму со сребрена вода. А називот „Сребрена вода“ не е случаен. Резултатите од испитувањата во еден подолг временски период на количината на сребро во оваа вода за пиење, покажуваат варијабилности. Тие не се постојани. Потеклото на среброто во водата за пиење е од самата почва, количината на сребро во моментот на испитувањето во голема мера зависи од издашноста на самоти извориште, поточно од хидролошката состојба на самиот извор. Параметрите кои што ги имаме добиено се движат во еден опсег на нормални концентрации на сребро во водата за пиење до концентрации кои што се 10 до 80 пати повисоки од максималните дозволени концентрации. Значи тоа се води кои што имаат непостојан квалитет во однос на параметарот на сребро. Знаете дека смаото сребро делува како природен антибиотик дека има антимикробно дејство, па и на тоа се должат досегашните анализи во однос на бактериолошкиот квалит на водата од Сребрена вода. Таа досега секогаш испитаните микробиолошки параметри одговарале на правилникот за квалитете и безбедност на водата за пиење, значи во однос на тој микробиолошки дел таа е исправна за пиење, но во однос на параметарот за сребро таа е со непостојан квалитет. Па сакам да упатам една препорака максималната количина на вода од Сребрена вода не треба да биде повеќе од една чаша во денот бидејчи самото сребро има позитивни ефекти во организмот на човекот, делува позитивно при воспалителни процеси, на респираторниот систем заради неговото антимикробно дејство, на дигестивен систем итн.  Но сепак препорака е да се пијат умерени количини на вода од Сребрена вода, максимум една чаша во денот, но не и надополнување на физиолошките потреби од два или три литри дневно, бидејќи концентрациите на сребро се варијабилни, непостојани“, вели др.Емилија Богоевска специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје од Битола.