Заради изведување на градежни работи на изградба на топловодот, Од ЕСМ Топлификација информираат дека почнувајќи од утре, 6 декември 2023 година, товарните возила кои сообраќаат по улица Македонски гемиџии (поранешна Железничка) ќе бидат пренасочени од кружниот тек на Дулие кон улица Индустриска.
Од четврток, 7 декември 2023 година, затворен за сообраќај и за патнички возила ќе биде делот од улица Македонски гемиџии (поранешна Железничка) од крстосницата на мостот со улица 16-та до крстосницата со улица Ѓорче Петров.
Согласно издаденото одобрение, времениот режим на сообраќај ќе биде на сила до завршување на градежните работи на топловодот во овој дел од Битола.
Паралелно со изградбата на топловодот на улица Македонски гемиџии (поранешна Железничка), градежни работи се изведуваат на улица Индустриска, улица Студентска и во кругот на поранешната касарна.

















