ТЕРА

REKLAMA???

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ПОБЕДНИК НА ЈУБИЛЕЈНИОТ СТРУШКИ РАКОМЕТЕН ТУРНИР

Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер беше подобар од Целје Пивоварна Лашко од Словенија по шутирањето пенали (7-6) и го освои Струшкиот ракометен турнир.

Мечот за трофејот на 50 издание на меѓународниот турнир во Струга при резултат 4-3 беше прекина,т бидејќи поради големата кондензација на теренот имаше лизгање на теренот.

За битолчани ова е тринаесет рекордна титула на струшкиот турнир и се израмни по бројот на трофеи со Вардар.

За најдобар играч на струшкиот турнир беше прогласен нашиот репрезентативец Жарко Пешевски од редовите на Еурофарм Пелистер, а најдобар стрелец е играчот на Вардар 1961, Филип Талески со 24 голови. Најдобар голман на турнирот е Урбан Лесјак од Еурофарм Пелистер.