Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 2 34-23 (17-9)
Новиот лидер во Суперлигата, Вардар 1961 попладнево во СЦ „Јане Сандански“ славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 34-22. Домаќините започнаа со стекнување на висока предност од 8-3. Поодбрата игра на Вардар продолжи и понатаму, во 20. минута позитивата се крена на +6, а на паузата „црвено-црните“ водеа со 17-9.
Во второто полувреме фаворитот само рутинирано си ја довршуваше својата задача, а противникот немаше никакви шанси да фати резултатски приклучок во натпреварот. Во 45. минута Вардар дојде и 27-17 и лесно го приведе натпреварот кон крај.
Во листата на стрелците Талески и Дибиров имаа по шест голови, а на спротивната страна Димитриоски постигна седум. Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер 2 го игра градското дерби против Еурофарм Пелистер.












