ТЕРА

REKLAMA???

ЖЕНИТЕ ВО МИНАТОТО, СЕГАШНОСТА И БОРБАТА НА ЖЕНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

„Жените во минатото, сегашноста  и борбата на жената за Македонија“, беше насловот на трибината која се одржа во Битола, а ја организираше УЖ на ВМРО ДПМНЕ од Битола. На трибината пред присутните се обрати претседателката на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска. Фокусот на трибината беше ставен на жената во минатото,сегашноста и иднината.

„Жената се соочува најверојатно со истите предизвици што ги имала во минатото, но во ова модерно време за жал јас би рекла невреме, се соочуваме со еден нов предизвик, бидејќи сме сведоци на новото раскрчмување на македонската држава, бевме сведоци на промена на името, сега сме сведоци дека во прашање ни е доведен идентитетот, јазикот итн, и покрај тврдењата на оваа влада дека се тоа е стабилно, ние сме соочени со тој предизвик да преку вакви настани всушност ја промовираме улогата на жената, но и да мобилизираме и привлечеме што повеќе жени, да ја потенцираме улогата на жената во историјата, да учиме од некои примери од историјата, да стоиме на бедемот на одбрана на државата секоја во различните занимања и професии што ги имаме. Секој македонец и македонка што битисуваат во денешно време да оставиме траг во развојот на државата, да создадеме потомци коишто ќе го наследат нашиот пат. Јас мислам дека овие предизвици ќе не направат похрабри, помудри и поборбени и мислам дека ќе успеееме на крајот кога и тој да биде во некое извесно време“, рече претседателката на УЖ на ВМРО ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Говорник на трибината беше проф. Д-р Виолета Ачкоска, македонски историчар и универзитетски професор.Преку своето предавање даде одговор на прашањата дали жената од Македонија во 21 век се соочува со нови или стари предизвици ,ги користи или страда од стереотипи и предрасуди и како да се избори со предизвиците на новото време?

„Стереотипите и предрасудите се присутни. Секогаш жената и колку да постигнува успех понекогаш е гледана со омаловажување од машкиот свет, но сепак сметам дека македонската жена во голема мера се изборила за својата рамноправност, со својата борбеност, упорност, со својата дарба, со своите достигнувања во сите полиња на науката, тоа е факт. Но во 21 век и во овие години во кои се соочуваме со тешка економска криза, со долгото трање на транзицијата, сметам дека секогаш жените се на удар и обесправени и затоа таа борба на жената ќе продолжи уште, не само на економски план каде треба да се сочува економски државата која евидентно пропаѓа, туку пред жената претстојат предизвици да се бори, да го сочува идентитетот на македонците, за на своите деца да им го пренеси тој македонски код, да се чувствуваат како македонци“, рече проф. д-р Виолета Ачкоска.

Настанот се одржа на празникот Вера, надеж и љубов, тоа се постулати на кои што е создадена УЖ на ВМРО ДПМНЕ, рече претседателката Пешевска.