ТЕРА

REKLAMA???

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ВЕЛКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА

Заменик министерот за труд и социјална политика  Ѓоко Велковски заедно со пратениците од Битола Олга Лозановска, Пеце Милевски и Силвана Ангелевска, го посети малиот групен дом при ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца“ во Битола, каде што споделиа мигови на радост со најмладите.

„Доделувањето на божиќните пакетчиња е симбол на нашата заложба за општество кое се грижи за секое дете. Ваквите домови се показател за важноста на социјалната политика која става акцент на љубовта, поддршката и развојот на најранливите категории.

Секое дете заслужува среќно детство а ние, како носители на одговорност, остануваме посветени на создавање услови каде што секое дете ќе добие шанса за подобра иднина. Празниците нека ни бидат потсетник за заедничката одговорност да изградиме посолидарно и поемпатично општество“ вели заменик министерот Велковски.

Претходно беа поделени подароци за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост во Битола.