ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНА КОНЦЕРТНАТА СЕЗОНА ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Новата концертна година во Филхармонијата започна со концертот АВА на саксофонистката Асја Фатеjeва (Германија). Таа блесна на сцената во изведбата на двете мошне интересни дела, од кои едното ја доживеа премиерата на македонската сцена. Публиката имаше можност да ги чуе Рапсодијата за алт саксофон и оркестар на Клод Дебиси и концертот за саксофон и оркестар „Талахачи“ од Јакоб Тер Велдхаус. А, под палката на извонредниот маестро Конрад ван Алфен, (Холандија) грандиозната и навистина комплексна Десетта симфонија од Шостакович, прозвучи маестрално, за што сведочеа долгите аплаузи и стоечки овации.

Фатејева со своето присуство на светската музичка сцена сака да го измени податокот што луѓето кога ќе чујат за саксофонот, веднаш го поврзуваат само со џез музиката, имено тој о тоа како е присутен и во класичната музика.
„Се надевам дека класичниот саксофон ќе успее да го добие заслуженото место на светската музичка сцена “– вели Фатејева.

Во 2014 година, таа е првата жена која успеа да влезе во финалето за престижната награда „Адолф Сакс“ на интернационалниот натпревар во Белгија, на кој го добива третото место.

„Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој прави нештата да се случуваат“, пишува критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент стекнал популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам.

Сосема лесно и со полна енергија Асја Фатеjeва и долови на публиката во салата на Македонската филхармонија, еден возбудлив и фрагментарен музички свет во кој секој можеше да ја пронајде својата креативност.