ТЕРА

REKLAMA???

ЗБОРУВАЈ ОТВОРЕНО-КАМПАЊА ЗА МЛАДИНСКА НЕВРАБОТЕНОСТ

На интересен невообичан начин Сфера Интернешнал почна кампања за подигање на свеста кај младите за младинската невработеност. За ова цел ја искористија секојдневна навика на битолчани пиење кафе по кафе баровите низ Широк Сокак. Имено дел од младите кои пиеја кафе добија порака со несекојдневна тема на разговор.

Евгенија Герамитчиоска од Сфера Интернешнл смета дека ваквиот метод придонесува младите луѓе подобро да се запознаат и зближат, да разговараат на теми поврзани со младинското вработување, како да стигнат до посакуваната работа и како да бидат поактивни во општеството каде што живеат.

Од Сфера Интернешнл велат дека инспирација за оваа тема е губењето мотивација, кај сè поголемиот број на млади да студираат или да работат на работа соодветна на нивното образование. Чувството како да се „заглавени“ во лавиринт и неискористувањето на нивниот потенцијал предизвикува младите да ја напуштат државата и да одат во развиените европски држави во потрага на подобра иднина.Кампањата „Зборувај отворено“  ќе  продолжи  и  во наредните денови.