ТЕРА

REKLAMA???

„ЗГРМИ ПОЕЗИЈА НИЗ ЉУБОВ“ ВИДЕО НА БИТОЛСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

„Низ младешкиот метеж во Гимназијата ќе се препознаат два пара очи, ќе си најдат нешто исто во себе. Младоста е еквивалент на љубовта која искри и заведува, на спонтаната дискретност“.

По повод патрониот празник на СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола, гимназијалците од трета година во рамките на програмата за популаризација на книгата и читањето на училишната библиотека, изработија кратко видео посветено на збирката поезија „Згрми поезија“ каде се застапени песни од ученици од сите години кои учат во Гимназијата.
Во видеото „Згрми поезија низ љубов“ учествуваат: Камера: Дамијана Ристевска Монтажа: Огнен Аневски Поетска компилација и глас : Теона Петровска Актери: Изабела Кенковска Ален Попијаневски Самоил Ристевски Борис Граматковски Идеја и концепт на Давид Цветановски и проф. ментор Биљана Т. Димко. Збирката „Згрми поезија“ учениците ја подготвија под менторство на проф. Александар Поповски и проф. Ирена Димовска – Митревска.