ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АЛБАНИЈА ПОЧУВСТВУВАН ВО ОХРИД И КИЧЕВО

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 08.02.2024 година во 6 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 км југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда 3.6 степени.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.