Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 06.1.2023 година, регистрираземјотрес чии епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16 часот и 51 минути со Рихтерова локална магнитуда 2,8 степени и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.












