ТЕРА

REKLAMA???

ИДНАТА ГОДИНА ЌЕ СЕ ПРАВИ ОБИКОЛНИЦАТА НА ИНДУСТРИСКА

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вели дека за следната година имаат изготвени 65 проекти, кои ќе можат да се отпочнат со работа, во вкупна вредност 1,1 милијарда денари.

Вели дека ќе се трудат да ги сработат сите кои се приоритетни кои што се започнати да се довршат.

„Идејното решение за Спортскиот комплекс е готово, тоа деновиве ќе го претставиме и пред јавноста, ќе се работи основниот проект врз основа на идејното решение, Противпожарната станица, во тек е евалуацијата на доспеаните решенија за проектот, така што идната година и тоа ќе отпочне со реализација. Со инфраструктурата продолжуваме активно и идната година.

Еден да речем подразобаравен, не е тоа проект, односно заради немање проект е нереализирана активност, тоа е преку Светска банка договор склучен во 2020 година со важност до 2024 година за средства за кои што ние аплициравме и тие средста ќе се добијат и ќе се изгради обиколницата, индустриска улица или улица Бурса, еден урбан дел од градот со неколку улици, да кажам дека улицата Бурса е 2,4 километри, тој дел од градот ќе е и со некаде околу 2 км улици, и дел од тој проект од Светска банка ќе влезат и велосипедски патеки за кои постои сообраќајно решение“ вели Коњановски.