Израелската армија соопшти дека утрово нападнала цели во јужен Либан, откако неколку минофрлачки гранати биле истрелани на израелска територија.

Ракетите паднале во спорната област на планината Дов на границата со Либан. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ)) преземаат подготвителни мерки за овој тип на можности и ќе продолжат да дејствуваат во сите региони кога е потребно за да се осигури безбедноста на израелските цивили“се истакнува во соопштението на израелската армија.

Хамас и други палестински организации вклучени во вооружената борба со Израел се присутни и во Либан.
Либанското шиитско движење Хезболах презеде одговорноста за денешниот ракетно-артилериски напад врз областа Шаба, окупирана од Израел, наведувајќи дека дејствува „во солидарност“ со палестинскиот народ.
Во писмената изјава, Хезболах тврди дека нападот биле насочени кон три пунктови, вклучително и „радарска локација“ во Фармите на Шаба, територија окупирана од Израел во 1967 година.












