Викендов на Српските воени гробишта во Битола беа одбележани два значајни датуми: „Денот на српското единство, слобода и државното знаме“ и 105 години од пробивањето на Солунскиот фронт.

По тој повод голем број на делегации од Македонија, Србија, Р.Српска и Црна Гора им оддадоа почит на загинатите војници со пологање на свежо цвеќе.

На церемонијата почит им оддаде и заменик градоначалникот на Општина Битола Бојан Бојкоски како и пратеникот на претседателот на Р.Србија Адам Шуколо и државниот секретар во Министерството за труд, вработување, бранители и социјални работи Зоран Антиќ.

„Секој Србин и секој човек на било кој простор кој ужива во сочувувањето на својот јазик, своето писмо, својата вера, својата култура, својот српски православен идентитет, нешто што со илјадници години наназад на овие простори на бурниот Балкан била вечна борвба на српскиот човек да ја сочува својата слобода, независност, територија, да им се спротистави на сите оние што сакаа со векови да не мачат, да не окупираат, со векови да бидат оние што ќе управуваат со оваа територија. Во сите ослободителни војни кои ги водевме, а секогаш водевме ослободителни војни, никогаш освојувачики, ние се трудевме токму заради овие витални интереси за Срспкиот народ да ги сочуваме нашето име и името на чесниот Српски народ. Не треба да заборавиме дека во двете Балкански и двете Светски војни изгубивме некаде околу 4,5 милиони жители, најдобрите и најсветли машки глави. Да не го правевме тоа денес според пресметките на луѓето од науката нас ќе не имаше некаде околу 60-на милиони, нас денес не има околу 6 милиони во Србија.

Сакам уште еднаш најсрдечно да ги пренесам поздравите до нашите браќа во Република Северна Македонија, да ја зајакнеме нивната позиција, нивното делување, да го засилиме начинот на заедничкото делување со властите на Република Северна Македонија, на зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на нашата братска и пријателска држава, но и на сочувувањето на културниот, националниот идентитет и сето она што го прави Српскиот народ на овие простори. Нека живее Српското единство, слобода и нашата црвено плава тробојка, нека живее Република Северна Македонија,нека живее Република Српска, Да живее Србија“, изјави Антиќ .

Заедницата на Србите од Битола во рамки на одбележувањето на „Денот на српското единство, слобода и државното знаме“ и 105 години од пробивањето на Солунскиот фронт, организираше повеќе настани.

Вечерта во саботата се одржа изложба насловена „Втора Балканска војна на фотографии и документи“ од авторот проф.др. Дејан Антиќ, а во неделата се оржа маршот на Кајмакчалан.