Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ беше прашан околу барањето на ВМРО ДПМНЕ за изборите на пролет.
„Нашиот став е принципиелен и непроменет. Изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин прво претседателски а потоа и парламентарни.
За точниот датум за одржување на овие избори прво за претседателските а потоа и за зарламентарните сме спремни да разговараме на ниво на работни групи. Очекувам за брзо тие да се формираат и да почнат со работа“ рече Каевски.












