ТЕРА

REKLAMA???

КАМИОНИ СО ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ГАЗА

Десет камиони со хуманитарна помош за Газа поминаа инспекциски процедури на граничниот премин Рафа и  беа примени од палестинската Црвена полумесечина.

„Преку преминот Рафа денеска примивме десет камиони од нашите браќа од египетската Црвена полумесечина, со залихи од храна и медицински материјали. Вкупниот број на пристигнати камиони досега е 94, додека горивото се уште не е испорачано“, соопштија од организација, пишува Си-ен-ен, пренесе Бета.

Вкупно 40 камиони од египетската Национална алијанса за граѓански развој пристигнаа на египетската страна на преминот синоќа и повеќето од нив чекаат да поминат безбедносни проверки пред да влезат во Газа.

Израелската војска соопшти дека очекува наскоро да почнат да влегуваат уште камиони со помош во Газа.

Си-Ен-Ен објави дека на преминот Рафа бил забележан и главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.