МЗТ Скопје Аеродром – КК Пелистер 95-76
МЗТ Скопје Аеродром го совлада лидерот со и стигна до делба на првата позиција на табелата.
Сите надежи на гостите од Битола за резултатски камбек паднаа во вода во почетните минути од третата четвртина, во која МЗТ Скопје продолжи да доминира, па преку Рикиќ стигна и до првото водство од „плус 20“ (60-40).
Малешевиќ со 16 и Кесар со 15 поени беа најефикасни во тимот на КК Пелистер. Во рамките на шестото коло од Суперлигата, в сабота точно напладне пелистерци го пречекуваат Феникс 2010 во Битола.












